Косовската полиција денеска повторно ги уапси пратениците на Движењето Самоопределување, Албин Курти и Доника Кадај-Бујупи.
Полициската портпаролката за регионот на Приштина, Флора Ахмети соопшти дека апсењето е на барање на Судот.
Двајцата пратеници на Самоопределување се уапсени поради непочитување на мерката домашен притвор, бидејќи излегле на прославата во центарот на Приштина за победата на Шпенд Ахмети на изборите за приштински градоначалник.
Курти уште и се потсмевал со Судот, велејќи дека на одлуката пишува оти е во куќен притвор, а тој имам стан.
На пратениците Курти, Бујупи и нивната сопартијка Албулена Хаџиу пред три дена им беше одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, но следниот ден таа беше преиначена во домашен притвор.
Пратенците на Самоопределување и на Алијансата за иднината на Косово, како опозиција, ја попречуваа работата на претходниот состав на Парламентот со фрлање солзавец, спротвставувајќи се на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, со кој, според нив, Косово губи дел од својата територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации