| четврток, 6 декември 2018 |

Сопствениците сами да oдлучат дали ќе се пуши или не во угостителските објекти

Ivon-Velickovski-4Сопствениците самостојно да одлучуваат дали во нивните угостителски објекти ќе се пуши или не – ова е предлогот на Ивон Величковски од Либералната партија. Тој денеска поднесе низа предлог-измени на Законот за пушење во затворени простории.

Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи. Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди.

– За жал, немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија. Оптимално решение во кое просторот ќе се дели 50:50 или доколку не може тоа да се реализира, тогаш поголемиот дел од објектот да биде за непушачи, но да има можност пушачите да користат угостителски услуги во самите угостителски објекти, изјави Ивон Величковски, претседател на ЛП.

Според Величковски сите политички субјекти во идниот период треба да се потрудат ова прашање да се уреди како што е потребно. Тој смета дека измените ќе поттикнат позитивни реакции кај граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top