Сопствениците самостојно да одлучуваат дали во нивните угостителски објекти ќе се пуши или не – ова е предлогот на Ивон Величковски од Либералната партија. Тој денеска поднесе низа предлог-измени на Законот за пушење во затворени простории.
Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи. Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди.
– За жал, немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија. Оптимално решение во кое просторот ќе се дели 50:50 или доколку не може тоа да се реализира, тогаш поголемиот дел од објектот да биде за непушачи, но да има можност пушачите да користат угостителски услуги во самите угостителски објекти, изјави Ивон Величковски, претседател на ЛП.
Според Величковски сите политички субјекти во идниот период треба да се потрудат ова прашање да се уреди како што е потребно. Тој смета дека измените ќе поттикнат позитивни реакции кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…


