| четврток, 6 декември 2018 |

Буџетската дупка на Берлин и Париз го разнишаа еврото

Германците воглавно се држат до своите принципи, а Французите почесто носат одлуки од случај до случај. Оној момент кога должничката криза од Грција се одрази на целата еврозона, ставот на Париз се смени. Во мај 2010. година државите-членки на еврозоната почнаа да расправаат за условите за спас на презадолжените земји, а притоа не сторија ништо друго освен што одобрија големи суми финансиска помош на една, а потоа и на други земји

euro_notescoinsСудбината на еврото е тесно поврзана со судбината на правилата во еврозоната, кои не се почитуваат. Прв пример за тоа е фондот за спас. Може ли монетарната унија да преживее без строги правила?

Јапонскиот економист Кеничи Охмае уште во 2009 година пишуваше за европската валута, тврдејќи дека еврото за својата вредност треба да и’ заблагодари на строгата фискална дисциплина. Тогаш немаше фондови за спас на еврото, но затоа постоеше Пакт за стабилност и стопански раст, односно правила кои го ограничуваа задолжувањето на земјите од еврозоната.

Она што тој јапонски експерт го предвиде беше дека државите членки на монетарната унија воопшто не се придржувале до договорените правила, пишува во анализата на Дојче веле.

– Заедно со Белгија, Грција и Италија, во Унијата се примени земји чии долгови надминуваа 60 проценти, пишува Николаус Хајнен, аналитичар на Дојче Банка во својата најнова книга „Мисија на доверба“. Пактот дефинитивно пропадна во 2003. година кога Германија и Франција избегнаа плаќање казни за непочитување на правилата во висината на буџетскиот дефицит. Договореното беше прекршено најмалку стопати, а не беше изречена ниту една казна.

Според наведеното, пропадна секој обид правилата за државите членки на еврозоната да станат обврзувачки. Причината за тоа, најверојатно, се различните традиции и култури на европските земји.

– Тоа доведе до тоа да релативно северноевропските дефинирани правила, воглавно да бидат почитувани во тој дел на Европа, додека на југот на континентот повеќе ги доживуваа како препораки, вели Хајнен.

Придржувањето до јасно дефинирани правила е од суштинско значење за опстанокот на една монетарна унија, вели Вим Кестерс, шеф на Институтот за стопански истражувања во Северна Рајна Вестфалија.
Без ефективна примена на тие правила, монетарната унија се доведува во прашање. Тоа би можело да доведе до уништување на еврото, вели  Кестерс,

Државите членки имаат уште една шанса да ја исправат грешката доколку се придржуваат до правилата кои произлегуваат од новоформираните фондови за спас на еврото.

Аналитичарот на Дојче Банка, Хајнен смета дека непридржувањето до правилата не е единствениот проблем. Според него, ниту самите лидери на земјите членки на еврозоната не успеале многу креативно да одговорат на предизвиците на финансиската криза. Тој смета дека политичарите загубиле премногу време обидувајќи се да ги реформираат старите правила, кои не функционираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top