| четврток, 6 декември 2018 |

Шведски политичар изјавил дека муслиманите не се 100 отсто луѓе

Шведскиот политичар Мартин Стрид ја напушти партијата на Шведските демократи и се извини по изјавата дека муслиманите не се 100 отсто луѓе. Изјавата предизвика огромна бура во неговата земја. Стрид на националната конфренција на партијата изјави дека постои скала на човечност која се движи од 1 до 100, но муслиманите не се 100 отсто луѓе.

– На едниот крај на скалата сте вие, 100 отсто луѓе, лица и сѐшто е дел од тој концепт, а на дригиот крај сте вие 100 отсто мухамеданци. Сите муслимани се некаде на таа скала. Ако сте поранешен муслиман, тогаш сте поминале поголем дел од патот да станете човек – изјави Стрид.

По овој говор, тој бил пријавен во полицијата поради говор на омраза.

Секретарот на партијата изјавата ја Стрид ја нарекол расистичка, потенцирајќи дека таа не ги рефлектира ставовите на партијата.

– Многу лошо се изразив. Кога сте под стрес и во гужва, тоа може да се случи. Јасно ми е што кажав и многу сум несреќен поради тоа. Имам многу пријатели муслимани, се разбира, луѓето се луѓе – изјави Стрид, потенцирајќи дека му е многу жал за говорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top