| четврток, 6 декември 2018 |

Избор на Мис затвор во Бразил: Најубавата е веќе седум пати апсена и ќелијата и e станата дом (фото+видео)

Еден од најдобро чуваните затвори на светот се наоѓа во Рио де Жанеиро и во него се најопасните жени криминалци во Бразил.  Еднаш годишно тие своите униформи ги менуваат со високи потпетици и гламурозни фустани и се натпреваруваат на изборот за мис.

Натпреварувањето Мис на затвор, стана вистински хит во Бразил, Колумбија, Русија, Литванија.

Целта на ова манифестација е да се хуманизираат и да се зголеми самопочитувањето на жените затворенички, но секако се и понатаму е под будното око на чуварите.

Во средата 10-тина жени се прошетаа по модната писта во „Talavera Bruce“, откако ја средија својата фризура и шминка.

Нив ги бодреа 440 луѓе, меѓу кои нивни роднини, но и други затвореници.

Победничката оваа година е 29 годишната Мајана Алвеш, која имала седум налози за апсење, а во затвор е од 2015 година, пренесува Дејли Мејл.

-Сите се многу задоволни што се денеска со своите семејства. Само би сакала да освоив слобода, па да можам да си одам од овде, кажала таа.

Минатата година победи, 28 годишната Мишел Рендел, која во затвор е поради трговија на дрога.

-Во овој момент не се чувствувам како да сум во затвор. Мојата душа е слободна, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top