| четврток, 6 декември 2018 |

Револтирани родителите на децата убиени кај Смилковско езеро: Заев е монструм

Револт има кај родителите на момчињата кои беа убиени кај Смилковско езеро во 2012 година, откако Врховниот суд одлучи да ја укине пресудата во предметот „Монструм“ и да го врати судењето во првостепениот суд на повторно одлучување.

Дел од родителите не сакаат да ја коментираат судската одлука, само порачуваат дека случајот во кој тие ги загубија своите најмили, бил злоупотребуван за политички цели, објави Телевизија 24.

Претходно родителите реагираат дека политички биле манипулирани за случајот од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ги лажел дека имал некакви докази. Тие, поради ваквиот однос Заев го нарекоа „Монструм“.

Како што информираа од судот, ваквата одлука е донесена поради тоа што „фактичката состојба е погрешно и нецелосно утврдена, бидејќи пониските судови, теоријата на докажување ја засновале на искази кои биле контрадикторни“.

Од понеделник ќе се знае дали осудените ќе бидат пуштени да се бранат од слобода. Кривичниот суд во 2014 година изрече доживотна казна за шестмина обвинети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top