| четврток, 6 декември 2018 |

Напуштен југословенски брод со години талка во Aтлантикот (видео)

Напуштен Југословенски брод со години самиот плови низ водите на Aтлански Oкеан, без никаков екипаж на него. Бродот „Љубов Орлова“ е вистинска мистерија за луѓето кои се занимаваат со бродски транспорт, затоа што го гледаат во океанските води, а од него никој не им одговара или сигнализира.

За последен пат бродот е виден во 2013 година на 1.000 километри од брегот на Ирска. Бродот пред неколку дена се насукал на брегот на Калифорнија, што е невозможно.

Бродот МВ „Љубов Орлова“ го добил името по познатата руска театарска глумица, изграден е во 1976 година во бродоградилиштето Краљевица во поранешна Југославија, по специјална нарачка од руската компанија Фар истерн шипинг од Владивосток. Компанијата го купила мразокршачот за да биде главно превозно средство за екскурзии по Атлантикот.

Поради долгови на сопственикот на компанијата, бродот бил задржан на пристаништето Сент Џон во Њуфаундленд во 2010 година. Потоа се обиделе да го продадат за делови, но не успеале да го транспортираат и така останал да плови во водите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top