Италијанската компанија M.A.Di Home на чело со дизајнерот Ренато Видал направи монтажна куќа која три лица можат да ја монтираат за само шест часа, на било каква рамна површина. Куќата чини нешто повеќе од 30.000 евра.
Оваа куќа е сеизмички сигурна, а направена е од висококвалитетен материјал.
Достапни се куќи од 27 до 84 метри квадратни и нивната цена, во зависност од големината, се движи од 33 до 73 илјади долари. Основните модели вклучуваат купатило, кујна, техничка инсталација и гаранција на испорака во рок од 60 дена.
Со оглед на тоа што оваа куќа има соларни панели, LED осветлување и Greywater систем, таа може да биде енергетски независна. Освен тоа, можете да ја изградите било каде, а добрата вест е дека таа нема потреба од бетонски темели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)