| четврток, 6 декември 2018 |

Властите во Венецуела откриле план за убиство на соработниците на Чавез

Потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро соопштил дека владата открила план за негов атентат и за убиство на претседателот на Собранието Диосдад Кабељо.

Потпретседателот не открил детали за наводниот план, но рекол дека постојат групи кои се инфилтрирале во земјата и дека властите веруваат оти нивната цел била да го нападнат него и Кабељо.

Тој не кажал ниту дали некој од осомничените е уапсен, но предупредил јавноста да не биде изненадена со акциите што ќе бидат преземени во следните денови против „криминалците кои влегле во земјата“.

Оваа информацијата потпретседателот ја соопшти во обраќањето на собирот во Каракас пред приврзаниците на претседателот Уго Чавез. Мадуро кој е под силно обезбедување најавил дека наскоро ќе отпатува во Куба во посета на Чавез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top