Воздухот во Скопје, Битола и тетово вечерва е опасен по здравјето на граѓаните. Додека граѓаните го дишат канцерогениот воздух, одговорните власти се кријат и не превземаат никакви мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Нивото на ПМ10 честичките вечерва во скопско Лисиче изнесува енормно високи 406 милиграми на метар кубен. Ситуацијата е алармантна и во Битола, каде се евидентирани речиси 300 милиграми на метар кубен ПМ 10 честички, како и Тетово со 273 милиграми на метар кубен.
И додека граѓаните се гушат во канцерогениот воздух, актуелната власт која 10 години ја обвинуваше претходната власт околу воздухот со цел да придобие политички поени, сега истите тие се кријат од одговорност и никаде ги нема.
Илјадници луѓе секојдневно се трујат поради неспособноста на властите да се справат со проблемот со загадениот воздух. Човечки животи се губат поради неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.
Загадувањето убива во Скопје
Болестите на респираторниот систем се најчестата причина за хоспитализација на населението во Скопскиот регион, покажува анализата на Центарот за јавно здравје – Скопје.
Имено, 13,9 отсто од вкупниот број на случаи на болничко лекување се должат на овие заболувања.
Неоплазмите се втората најчеста причина за прием во болница со учество од 13,5 отсто во вкупниот број на хоспитализации. Болестите на циркулаторниот систем, стојат на третата позиција со индекс од 13,4 отсто.
Болничкиот морбидитет во Скопскиот регион покажува највисока специфична стапка на болничко лекување за болестите на респираторниот систем од 14,6/1.000 жители, што е под стапката за земјите од Европскиот регион (2010) од 18,4/1.000 жители.
Болестите на циркулаторниот систем, I00-I99, со специфична стапка на болничко лекување
од 14,1/1.000 жители во Скопскиот регион, се исто така под специфичната стапка на отпусти.
Загадениот воздух ни ги крати животите за 4 години
Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје предупредува дека Скопје е водечки град во Европа според загадувањето со помалите и поопасните ПМ 2.5 честички и дека во Скопје секој трет умира од загадениот воздух. Во просек, аерозагадувањето го крати животниот век за најмалку 4 години.
Загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Тетово, Куманово и ширум Македонија не е само криза, туку е елементрана непогода како пожар или поплава. Полоша непогода дури од поплавата во Стајковци каде, за жал, загинаа 21 граѓанин. Светска Банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух гинат 1.350 граѓани годишно, што значи дека ни се случуваат над 60 „Стајковци“ годишно. Во просек четворица граѓан(к)и гинат дневно заради загадениот воздух. Намерно го користам терминот „гинат“ бидејќи тие се жртви на оваа елементарна непогода. Светска Банка ја рангира Македонија на петто место во Европа според најмногу смртни случаи заради загадување со ПМ честички, со што се прави економска загуба од €253 милиони годишно или 3.2% од БДП.
ПМ10 претставуваат мали честички со дијаметар од 10 микрометри кои се пет до десет пати помали од дијаметарот (дебелината) на човечкото влакно. Според Агенцијата за заштита на животна средина на САД, честичките помали од 10 микрометри се уште поопасни бидејќи се вгнездуваат длабоко во белите дробови и можат да навлезат дури и во крвотокот и да предизвикаат негативни здравствени ефекти како предвремена смрт кај лица со срцеви и белодробни заболувања, неправилно работење на срцето, влошена астма и намалена функција на белите дробови. Најновите истражувања покажуваат дека загадениот воздух предизвикува и деменција и алцхајмер.
Чувствителни групи со претходно постоечки белодробни или срцеви заболувања, како и стари лица и деца се особено ранливи. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишат, а со тоа и побрзо внесуваат загадени материи во телото. Според анализа на Институтот за јавно здравје при Министерството за здравство, секое второ дете кое побарало лекарска помош во 2015 година имало респираторни проблеми. Аерозагадувањето го намалува имунитетот на децата и ги прави подложни на хронични болести. На пример, во Пелагонискиот регион до 2012 година имало преку 200 деца заболени од малигни тумори. Во последните шест месеци уште пет деца заболеле од рак во Битола и граѓаните во Битола вперуваат прст кон загадениот воздух како главен фактор.
Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје предупредува дека Скопје е водечки град во Европа според загадувањето со помалите и поопасните ПМ 2.5 честички и дека во Скопје секој трет умира од загадениот воздух. Во просек, аерозагадувањето го крати животниот век за најмалку 4 години.
Според неофицијалните податоци од апликацијата МојВоздух во 2016 година, најзагадена општина во Македонија е Тетово со 269 денови со надминување на среднодневна гранична вредност на ПМ 10 честички која изнесува 50 микрограми на метар кубен (50mg/m3). Следуваат Гази Баба со 157 денови, потоа Кичево со 144 денови, Лисиче – 137 денови, Ректорат (УКИМ) со 124 и Куманово со 123 денови. Дозволениот број на надминувања годишно е 35 денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.