Минатиот четврток во кинеската покраина Хенан, пронајдено е тело на 47 годишна жена.
Додека го извлекувале нејзиното тело во реката од очај скокнал и нејзиниот сопруг, а после нив и нивниот син, но двајцата се извлечени на сигурно.
Властите велат дека станува збор за самоубиство, но демантирале дека мотивите за самоубиството се неразумните барања на идната снаа.
Меѓутоа порано навеле дека несреќната госпоѓа Лин си го одземала животот затоа не можела да ги трпи неверојатните барања на својата идна снаа.
Како што се пишуваше, таа од родителите на својот иден сопруг да и купат нов автомобил, но тие тоа не можеле да си го дозволат.
Но, до пресврт доаѓа откако властите во округот Нинглинг во покраината Хенан, објавиле дека несреќната госпоѓа се убила затоа што не била задоволна со висината на избраничката на својот син.
-Почината госпоѓа Лин имала несогласувања со својот син поврзано со неговата вереница. Не и се допаѓала, тврдела дека е прениска. Се заканувала дека ќе се убие, стои во соопштението на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)