| четврток, 6 декември 2018 |

Во езеро во Турција пронајдена 3000 годишна тврдина (видео)

При подводните ископувања во најголемото турско езеро – Ван, остварено е фасцинантно откритие – тврдина стара 3.000 години. Научниците веруваат дека потекнува од ерата и на народот и кралството Урарту, кога нивото на водата во езерото било пониско за неколку стотина метри.

Откритието е дело на археолозоите од универзитетот Van Yuzuncu Yil, нормално, помогнати од професионални нуркачи. Водачот на нуркачкиот тим – Тахсин Сејлан, изјави дека рушевините се дел од голем изграден терен, кој се протега и до еден километар. Висината на видливите ѕидови е меѓу 3 и 4 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top