| четврток, 6 декември 2018 |

Робен: По оваа сезона може да се пензионирам

Крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен изјави дека многу веројатно е дека оваа сезона е последна за него во богатата кариера. Договорот на 33-годишниот Холанѓанец истекува на крајот од кампањата.

Офанзивниот фудбалер е дел од тимот на  „баварците“ 9 години. Во исто време стана јасно дека тренерот на тимот Јуп Хајнкес ги советувал шефовите на тимот да побрзаат и да му понудат нов договор на Холанѓанецот.

– По оваа сезона може да биде крај. Може и да има нешто ново и да играм во Баерн уште три години. Се е можно. Сакам да се обидам да уживам и што е можно подолго да играм фудбал на високо ниво. Не знам колку долго ќе продолжи тоа, изјави Робен за „Kicker“.

Крилото веќе ја заврши својата кариера во холандскиот национален тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top