| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Обама во прегратка на мистериозно момче, фотографите ги снимиле како се бакнуваат (видео)

Изгледа дека ќерката на поранешниот американски претседател сосема добро се снашла на Харвард. 19-годишната Малиа Обама во саботата била фатена како на натпреварот меѓу Харвард и Јејл се бакнува со згоден колега.

Студентите на Харвард овој викенд допатувале во Њу Хејвен, во кампусот на противниците, за да го гледаат натпреварот. Притоа фотографите ја уловиле Малиа Обама, постарата ќерка на поранешниот американски претсадател, во прегратката на мистериозно момче.

19-годишната Малиа паузирала една година пред почетокот на студиите на Харвард оваа есен. Фотографите пред местото на кое се одвивал натпреварот, ја фатиле како се бакнува со мистериозно момче. На снимката се гледа како младиот пар се прегрнува и бакнува.

Судејќи по фотографиите, момчето на Малиа е повисоко од неа. На една од фотографиите се гледа и како девојката пуши цигара, што значи дека ја преземала навиката на својот татко. За време на фестивалот “Lollapalooza” минатата година била забележана и како пуши марихуана.

Пред една година, поранешниот претседател Барак Обама, во јавноста рекол дека неговите ќерки веќе почнале да излегуваат со момчиња и дека тој е прилично опуштен во врска со тоа, со оглед на тоа дека имаат заштита од тајните служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top