Синиша Радованчев (50) се сомничи дека во семејниот дом во Панчево ја избодел со нож и усмртил својата невенчана сопруга Билјана Мијатовиќ (30) со која има 20 дена старо бебе.
Мотивот на злосторството се уште не е познат, но соседите веруваат дека Синиша го потегнал ножот под дејство на алкохол, а сето тоа после караницата околу парите и татковството. После тоа мирно и пријавил на полицијата што направил и го дочекал нивното доаѓање.
Додека монструмот од Панчево ја бодел жената до смрт, ужасот го гледала нејзината ќерка од првиот брак(12).
-Тој бил сопственик на фарма на крави во Илиџа, која наводно ја водел неговиот син од првиот брак Срѓан, кој е инаку една година помлад од Билјана.Таа наводно му префрлила дека не добиваат доволно пари од работењето, па Синиша, импулсивен каков што е, ја нападанал Билјана која тој ден го прославувала својот роденден – објаснил еден од соседите, кој додал дека во зградата се зборувало дека парот се скарал бидејќи Билјана во афект рекла дека нивната штотуку родена ќерка не е негова.
Како што се пишуваше, Билјана зад себе имала еден брак со насилник и 12 годишна ќерка пред која се случило убиството.
-Тие чекаа гости, а подоцна, по доаѓањето на полицијата, видовме дека пристигнуваат луѓе со подароци- раскажала друга сосетка.
Според нејзините зборови, Билјана потекнувала од сиромашно семејство, а неодамна и починала и мајка и, додека Синиша го напуштил претходното семејство и им го оставил целиот имот.
-Поради Билјана ја оставил првата жена Душица и отишол. Има и внуци – зборувале соседите во неверница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка