| четврток, 6 декември 2018 |

Мугабе конечно падна: Еменрсон Мнангагва во петок ќе положи заклетва како претседател на Зимбабве

Поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва в петок ќе положи заклетва како шеф на државата по оставката на Роберт Мугабе, соопшти денеска спикерот на Парламентот, Џејкоб Муденда.

Тој додаде дека владејачката партија Африканска национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) го известила дека го номинирала Мнангагва за претседател.

Се очекува Мнангагва денеска да стигне во воената база во Хараре, а на улиците на главниот град веќе се собираат граѓани кои чекаат да го поздрават.

Мугабе вчера поднесе оставка после 37 години на власт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top