| четврток, 6 декември 2018 |

Ултиматумот истече, Мугабе се уште не поднел оставка како претседател на Зимбабве

Ултиматумот кој му беше поставен од владејачката партија во Зимбабве на претседателот Роберт Мугабе да поднесе оставка, во спротивно против него ќе почне процедура за импичмент, истече денеска попладне, но досега нема соопштение што се случува со 93-годишниот шеф на државата.

Тој викендот беше сменет од лидерската функција во неговата партија ЗАНУ-ПФ. Претседателот на соседна Замбија, Едгар Лунгу го испрати поранешниот претседател Кенет Каунда во Хараре за да го убеди Мугабе да се повлече на „достоинствен начин“ откако минатата недела армијата ја презеде власта во Зимбабве. Каунда кој, исто така, има 93 години, пристигнал во Хараре со авион, наведе владин извор во Лусака.

Долгогодишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе денеска се согласил да се повлече од претседателската функција, јави телевизијата Си-Ен-Ен, само еден ден откако тој се обрати на нацијата, но не најави дека ќе поднесе оставка како што беше очекувано.

Функционери од владејачката Африканска национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) изјавија дека Мугабе се согласил да се повлече.

Мугабе со денови се соочува со притисок од страна на армијата и Емерсон Мнангагва, неговиот поранешен соработник и потпретседател кого Мугабе се обиде да го разреши од функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top