| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Зимбабве до американскиот амбасадор: Нека се обеси на дрво со банани

zimbabve

Владата на Зимбабве остро критикуваше американски дипломати кои се загрижени поради влошувањето на ситуацијата во врска со човековите права во државата. Амбасадата на САД во Хараре издаде соопштение во кое се укажува на „континуирано влошување“ на човековите права во Зиммабве. Причина за загриженост во мисијата била апсењето на локален пастор кој е иницијатор на протестен марш на социјални мрежи.

Во одговор на тоа соопштение, портпарол на Кабинетот на претседателот на Зимбабве, Џорџ Чарамба го нарече амабсадорот на САД „остаток од ужасна ера“, повикувајќи се на конфликтните односи на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама и долгогодишниот лидер на Зимбабве, Робет Мугабе.

– Амбасадоротна САД мисли дека може да ни командува. Нека оди и нека се обеси за дрво со банани, објави весникот Хералд цитирајќи го Чарамба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top