Македонија од утре ќе биде под температури кои влегуваат во жолтата, алармантна фаза. Според УХМР, утре и задутре ќе биде сончево и многу топло, со температури до 38 степени и УВ индекс 9.
Се препорачува да се почитуваат општите препораки за заштита од сонцето, да не се престојува на отворено во период од 11 до 16 часот, да се носи лесна облека, да се јаде лесна храна, да се пијат течности, да се внимава на хигиената и подготвувањето на храната, а хронично болните да ја земаат терапијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.