| четврток, 6 декември 2018 |

Ратко Младиќ осуден на доживотен затвор

Ратко Младиќ е виновен за сите можни злосторства против човештвото и обичаите на војување. Не е виновен за геноцид, но за злосторничко здружување е виновен.

Судот одлучи дека треба да добие доживотна казна затвор за: злочин против човештвото, убиство со кршење на закониоте на војување, депортација, тероризирање, противправно лишување од слобода на цивили, земање заложници и други точки од обвинението.

Ратко Младиќ пресудата ја слушаше во одвоена просторија преку ТВ, бидејќи претходно судијата го отстрани од судницата, откако Младиќ се побуни против одлуката на Судот да се одложи изрекувањето на пресудата, да се прочита само казната или да им се достави во писмена форма, поради влошената здравствена состојба и покачениот крвен притисок, што лекарите го квалификуваа како загрозен живот.

Пред почетокот на изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, за поранешниот командат на силите на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој се товари за геноцид и други воени злосторства, пред Судот се случи инцидент меѓу маж кој држел српско знаме и членови на граѓанско здружение од Босна и Херцеговина.

Телевизија Н1 јави дека претседателката на здружението „Жени жртви на војната“, се обидела да му го одземе знамето на непознатиот маж, по што дошло до туркање.

Локалната полиција интервенирала и ја смирила ситуацијата, без да прерасне во поголем инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top