Билјана М. (30) вчера вечер околу 19 часот била убиена од својот сопруг, Синиша Р. (50) во Панчево, само три недели откако тие станале родители. Откако го сторил ова грозоморно дело Синиша бил приведен, а нивното бебе старо околу 20 дена веднаш било земено од страна на лица од Центарот за социјална работа.
По една расправија во нивниот дом, Синиша, кој најверојатно бил во алкохолизирана состојба, посегнал по кујни нож и на неколку пати ја пробол Билјана во вратот и градите.
На Фејсбук тие редовно објавувале заеднички слики на кои може да се види венчаниот прстен на Билјана, но повеќе од очигледна и е разликата во години на парот.
Како што наведуваат медиумите од соседството, Синиша веќе бил осудуван за насилни дела во минатото, му била изречена и казна – куќен притвор, а соседите на парот претпоставуаат дека како еден од мотивите за ова дело била неговата огромна љубомора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка