| четврток, 6 декември 2018 |

Правила за носење црна боја од глава до пети

Љубителите на оваа боја добро знаат дека не е лесно да се облечете во срна боја од глава до пети а при тоа да не направите грешка.

Постојат еколку трикови и правила кои треба да ги знаете.

Измешајте ткаенина и текстура. Нема ништо шик во црна комбинација од памучни парчиња облека. Во студените денови ова е многу полесно: можете да искомбинирате плетени парчиња, кожни парчиња облека, кадифе…

Погрижете се ткаенините кои ќе ги одберета да бидат во склоп со сезоната, на пример сега во есен – зима може да оберете волнено здолниште во комбинација со кожни чизми. Во лето пак одберете лен или свила.

Кога избирате црна комбинација Искористете го и фактот што црната облека ве прави послаби, па затоа секогаш бирајте тесни парчиња облека, а избегнувајте ги широките модели.

Играјте си со модните додатоци, надополните со некој впечатлив накит во друга боја или црвени чизми кои се хит оваа сезона, но немојте да претерувате.

Голема улога игра и шминката. Во дневните варијанти, носете кармин со нежен розов пигмент, а за вечерните излегувања одлучете се за црвените нијанси на кармин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top