
На последниот ден на модната недела во Њујорк беше претставена впечатливата колекција на Келвин Клајн за сезоната есен-зима 2014-2015 година, која, дефинитивно, го украси модниот викенд.
Ревијата изобилуваше со црно-бела графика и геометрија, а сите бои, иако не премногу светли, се најдоа скриени во средината. Колекцијата е разновидна и има сѐ што е потребно за еден совршен и удобен есенски изглед.

Колекцијата содржи фустани, кул јакни, кои се комбинирани со удобни црни здолништа, чијашто должина е речиси до петиците. Слатките фустани во црни нијанси се следното изненадување на оваа колекција.
Најспектакуларен аспект се воените чизми, кои создаваат противтежа и додаваат нота на бохо-ефект. Волнени ткаенини, меки и мазни, убави геометриски дезени во црно-бела комбинација ја карактеризираат оваа колекција. Црните правоаголници и белите линии ги обложуваа телата на моделите.

По доминацијата на црната и на белата боја, следуваа топли тонови. Нијансите на кафена и бојата на коралите се најдоа на тенките плетени фустани и на удобните и топли јакни.

Сепак, црната боја беше доминантна во есенската колекција на Келвин Клајн. Црните парчиња ги има во разновидни комбинации – како микрореси, светки и други интересни детали.
Играта со проѕирноста, исто така, имаше свои пет минути на ревијата на Келвин Клајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


