Реал Мадрид е црвсто решен да го задржи Кристијано Роналдо, а најновата понуда од 15 милиони евра нето-плата по сезона е неверојатно галантна и би го направила Португалецот најплатен фудбалер на денешницата. Или, преведено, според шпански закони каде што данокот на ваков вид луксузни суми е над 50 проценти, тоа би значело дека Реал би плаќал нешто повеќ од 30 милиони по сезона. Реал сака да го задржи Роналдо до 2018 година, а му нуди и дополнителни бонуси за освојување титули, што ја крева цената на огромна вкупна сума што би била приближно некаде околу 160-170 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.