| четврток, 6 декември 2018 |

Нови докази дека човекот не бил на месечината (видео)

Три члениот екипаж на Аполо 17 се врати од мисијата со 110 килограми на камења и останати примероци, повеќе од било која друга мисија.

Тоа воедно и беше последната програма на Аполо на Месечината.

По првиот „голем чекор за човештвото“ во 1969 година, некои луѓе не изгубија инспирација за теорија на заговор и тие докажуваа дека слетувањето на Месечината не се случило.

Еден од нив на „Youtube“, по корисничко име Streetcap1 објави снимка од слетувањето на Аполо 17 од 1972 година и тврди дека еден детал докажува дека слетувањето не се случило.

Тој забележал човек во отсјајот на кацигата на астронаутот и тврди дека тој човек не носи опрема за во вселената и дека тоа е доказ дека ова слетување не било вистинско.

Сернан и Шмит поминаа 22 часови на таа мисија и се наоѓале на површината на Месечината која се нарекува долината на Таурус-Литроу, а во текот на целодневното истражување, колегата Еванс постојано ги надгледувал.

Сепак, корисникот кој го објави видеото тврди дека човечката фигура која ја забележал на кацигата на еден од астронаутите не носела опрема за во вселената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top