| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец пронајден мртов во неговиот двор – причината за смрта останува мистерија

Безживотното тело на С.И.(26) од Тетово било пронајдено денеска во двор од куќа на улицата „176“ во градот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, случајот во полиција бил пријавен околу 11:30 часот од вработен во Тетовската клиничка болница, а телото на починатиот било на бетонската подлога во дворот.

– По пријавата на посоченото место веднаш биле испратени полицајци, а потоа и увидна екипа со јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово кои извршиле увид и констатирале дека 26-годишниот тетовец е без знаци на живот. По наредба на јавниот обвинител врз неговото безживотно тело ќе се врши обудкција и ќе се рачистуваат сите поединости поврзани со случајот, рече Јосифовски.

Според неофицијални податоци од истрагата, најверојатно станува збор за самоубиство со скокање од терасата на куќата на сега починатиот, кој подолго време имал сериозни психолошки проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top