„Месечина“, последната песна на Димитар Андоновски, која ја промовираше неодамна, си доби и видеоспот. Снимен на неколку локации во Скопје и во Демир Капија, а посебен дел и во винарницата „Попова кула“. И овојпат за видеото се погрижи веќе проверениот тим на „Горила продукција“, под водство на режисерот Владимир Дади Ивановски.
Песната, во латино ритам и богата со инструменти, за ексклузивецот на „Горила продукција“ ја создаде тандемот Цветкоски. Познатиот продуцент Лазар Цветкоски се погрижи за музиката и за аранжманот, а текстот го напиша неговата сестра, популарната пејачка и текстописец Магдалена Ена Цветкоска.
„Месечина“ е една од повеќето нови песни што ќе се најдат на првиот и долгоочекуван албум на Димитар. Албумот ќе биде промовиран на 6 септември, токму на денот на неговиот родененден, како подарок за своите фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)