| четврток, 6 декември 2018 |

Додик црта нови карти на Балканот

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека БиХ нема да опстане како држава во ниту еден облик. Прашан за иднината на регионот, Додик нацрта нова карта…

Милорад Додик тврди дека БиХ е „пропадната држава“ и дека Србите во неа не се „без алтернатива“.

-Ние не сме авантуристи како што многумина не претставуваат. Не сме ниту приглупи националисти. Јас разбирам дека за остварување на таквите елементи мора да се создаде политичка рамка и политичко опкружување, да се направи доволен квантум на пракса во опкружувањето и во Европа и секако, тоа да биде барем делумно прифатена работа“, рече Додик додавајќи дека работи на „создавање на тоа политичко опкружување“, истакнува тој за Дојче Веле.

Додик вели дека на Србите им одговара Дејтонскиот договор онака како што е напишан, а не онака како што е изменет. „Вонуставна Босна нам не ни одговара, уставна Босна ни одговара. Но, тоа никој не сака да го слушне“.
Претседателот на РС ги доведува во директна врска независноста на Косово со независноста на Република Српска. „Не сум против независноста на Косово. Јас сум за разговор меѓу Белград и тоа (Косово, н.з.) и ако Белград така одлучи јас немам ништо против, но тогаш моето следно прашање е зошто да не може и Република Српска. Доколку постојат права за едните, тогаш мора да постојат права и за другите“.

дојче веле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top