Не сум сигурен дека тоа е пат по кој треба да одиме за наша автокефалност, досега сме ги почитувале сите канонски правила. Откако сме прогласиле своја црковна автокефалност во 1967 година и кога таа стана спорна, преговаравме со српската православна црква затоа што така бараа сите други православни цркви, вели за А1он Бранко Ѓоргески за одлуката на МПЦ да ја признае Бугарската православна црква како Мајка Црква.
Тој проблем тешко се решава, ставот на СПЦ е дека ни се дава само автономија што нам не ни е прифатливо.
– Очигледно кај нас доаѓа чувството дека сме заситени од чекање и сега бараме други патишта. Меѓутоа тоа наоѓање на друг пат може да предизвика конфликт во православниот свет, вели Ѓоргевски.
Според него досегашното правило е да се преговара со СПЦ, но во меѓувреме од страна на православните цркви е воведен концезус околу воведувањето на нови цркви што значи за да се промовира нова автокефална црква потребна е согласноста на сите 14 автокефални православни цркви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)