| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи открива зошто не зборува за синот!

Македонската пејачка Калиопи Букле, пред белградскиот концерт на Коларац (25. ноември) за српските медиуми си ја отворила душата…

Таа раскажувала како ги поднела разводите од Ромео Грил и Зафирчев, но и како се борела со тагите во својот живот, какви мажи и се додворуваат но и за синот Пако.

Belgrade,wait for me!!!

A post shared by Kaliopi Official (@kaliopibukle) on

Иако е одамна разведена од Ромео, сеуште се дружат и често соработуваат:

-Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме а веќе наредната година отидовме во студио и направивме албум. Некому е тоа чудно но не и нам.Ромео е моето главно рамо за плачење, и ден денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе, вели Калиопи.

-Понекогаш не е паметно да се каже вистината на погрешно место. Не се каам за ништо што сум направила бидејќи тоа е дел од мојата приказна. Не е убаво кога во животот е се’ изгланцано, мора да има и малку прашина“ рекла Букле истакнувајќи дека ниту вториот развод не го сфатила трагично…

-Мојот спас и среќа е тоа што животот ми го чинат музиката, творештвото, патувањата и креативноста…За среќа има луѓе кои сеуште мечтаат со моите песни и мене ми е тоа најбитно.

The power of Love… #kotor #lastnight #kaliopi #crnoibelo #colorful #night

A post shared by Kaliopi Official (@kaliopibukle) on


Суштината на нејзиниот живот е синот Пако, кој со татко му Ромео Грил живее во Швајцарија.

-Најемотивен момент во мојот живот беше неговото раѓање. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Мене и на Ромео постојано ни вели ’Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите’ така што морам да ги испочитувам неговите желби“ рекла Калиопи за српски Курир.

Dona…

A post shared by Kaliopi Official (@kaliopibukle) on


Инаку, Пако има 26. години и живее и работи со татко му…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top