Според најновите информации, претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, наводно се согласил да се повлече од челото на државата, пренесува Си Ен Ен.
Долгогодишниот претседател на Зимабабве, се согласил со условите на оставката, соопштил на Си Ен Ен, официјален извор поврзан со процесот на преговори.
Изворот наведува дека генералите попуштиле под борјните барања на Мугабе, вклучувајќи го и тоа на него и неговата сопруга Грејс да им дадат целосен имунитет, како и правото да го задржат имотот.
Претходно Мугабе се обрати на нацијата преку телевизија и истакна дека нема да се повлече од местото
на претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.