| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденот на Мугабе ќе се слави како празник во Зимбабве

Новите власти во Зимбабве одлучија роденденот на долгогодишниот шеф на државата Роберт Мугабе, 21 февруари, да стане празник. Кампањата за прогласување на роденденот на 93-годишниот Мугабе за празник, започна за време на неговото владеење.

Повеќето жители на Зимбабве беа воодушевени кога, по владеење од речиси четири децении, Мугабе поднесе оставка на 21 ноември по воениот преврат.

Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва ги посочи грешките на Мугабе, но го опиша како свој ментор, додека лидерите на владејачката партија продолжија да ја нагласуваат улогата на поранешниот шеф на државата за развој на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top