Приведени се 26 лица, а издадени се забрани за работа на 19 угостителски објекти во Тетово и Гостивар при контрола што ја спровеле ноќеска полицијата, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во 31 објект во овие подрачја. Акцијата е спроведена и на подрачјето на СВР Битола, но не се констатирани посериозни прекршувања на законите. На подрачјето на СВР Велес, пак, при алкотестирање на 232 возачи, е утврдено присуство на алкохол кај 29.
– За време на контролата се приведени 26 лица, 16 македонски државјани поради поседување наркотична дрога и непоседување документи за лична идентификација и 10 странски државјанки, девет од Србија и една од Црна Гора поради злоупотреба на туристички престој и нерегулиран престој во РМ, изјави денеска на прес-конференција Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност.
Појасни дека од извршениот преглед на лица гости во објектите кај повеќето од нив се пронајдени паковки со прашкаста материја. Тие, рече Велковски, се приведени во полициските станици во Тетово и Гостивар.
Записници за констатиран прекршок и изготвени им се платни налози на двајца македонски државјани поради кршење на Законот за приватно обезбедување.
Забраните за вршење дејност на контролираните локали што ги изрекле УЈП и Државниот пазарен инспекторат се во траење од 15, односно 30 дена, и тоа за непоседување фискален апарат и неиздавање фискална сметка, но и заради вршење угостителска дејност без регистрација.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто при контролите се користат и припадници на специјалните единици на МВР, Велковски потенцира дека тоа не се прави секогаш и секаде туку само онаму каде ќе се процени оти постои висок безбедносен ризик.
– Ние вчера извршивме контрола на 31 угостителски објект, но во сите не влеговме со припадници на Одделот за специјални полициски операции. Со нив влегуваме онаму каде што врз основа на претходна безбедносна анализа ќе се констатира дека има висок безбедносен ризик. Од тие причини во поддршка на редовната полиција и на инспекторите од УЈП и Државниот инспекторат ги ангажираме колегите од Одделот за специјални полициски операции да интервенираат во случај на нарушување на јавниот ред и мир, рече тој.
Велковски најави дека вакви акции ќе се спроведуваат и во наредниот период.
Пред една недела во координирана акција на полицијата со инспектори од УЈП, Инспекторатот за труд и Пазарниот инспекторат се проверуваше работата на 24 угостителски објекти во Скопје, од кои 13 беа затворени поради утврдени неправилности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)