| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен уметникот кој мирно стоеше на Таксим (видео)

gunduz_taksimDHAТурската полиција утрово го уапси момчето со бела кошула, уметникот Ердем Гундуз, кој вчера неколку часа стоеше на плоштадот „Таксим“. Тој не се помрдна од пред портретот на Кемал Ататурк, основачот на модерната турска држава. Тој со уметнички перформанс сакаше да го изрази револтот од владината политика. Но, полицијата го уапси под нејасни причини. Тој е уапсен заедно со останатите мирни демонстранти на „Таксим“, каде што има сѐ помалку луѓе откако специјалната полиција со солзавец и водени топови ги растера демонстратите кои повеќе дена протестираа. Стоењето на Гундуз и зјапањето во Ататурк многумина го прифатија и застанаа со него, но и тие се уапсени.

– Стојам против секакво насилство – рекол еден од демонстрантите кој заедно со уметникот „зјапал“, но и него полицијата го собрала во затвор.

Гундуз неколку часа стоел на плоштадот „Таксим“ со лицето свртен кон културниот центар „Атататурк“ на речиси празниот плоштад, без да презема никакви дејствија. Подоцна дошла полицијата и го претресла момчето, но не нашла ништо сомнително. Во ранецот на момчето се наоѓале само вода и бисквити.

Момчето продолжило да стои мирно. По некое време околу него се собрале стотина лица и почнале да стојат без да се движат и да зборуваат. Полицијата интервенирала и ја растерала групата. Сепак, момчето останало да стои на плоштадот, заедно со новинарите кои го фотографирале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top