Во Кинотеката на Македонија, вечерва (18 ноември), во 20 часот ќе се одржи финалната вечер на 8. издание на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ на која ќе бидат прикажани победничките филмови од повикот за учество на фестивалот. Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Сите се мобилни“.
„На повикот кој беше отворен од јули, пристигнаа дваесетина филмови од македонски и 500-ина филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере четиричлено жири ќе ја добие наградата ‘Ратка Илиева – Лале’, а таа ќе се состои од стипендија од Универзитетот за аудио-визуелни уметности од Скопје ЕСРА во износ од 3.000 евра. Ќе бидат доделени и награди за: оригинална идеја, најиновативен филм, приказна и награда за најдобар филм во домашната програма ‘Млади таленти’“, се вели во соопштението на организаторот на фестивалот каде се истакнува дека „ќе бидат прикажани и видеа од работилниците одржани во рамки на фестивалот, а кои се реализирале во соработка со гимназијата „Никола Карев“ и С.О.С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.