| четврток, 6 декември 2018 |

Лила порано ја дочека Нова година (фото)

Познатата водителка Лила Стојановска објави фотографии од пречек на Нова година заедно Дедо Марз и новогодишна елка. Веројатно се работи за снимање новогодишна емисија или реклама, а фотографиите од новогодишниот амбиент Лила ги сподели на својот Фејсбук-профил.

Снимањето е во еден хотел во Виница, а зад новогодишната креација на Лила стои познатата дизајнерка Елена Лука. Фотографиите предизвикаа низа комплименти за водителката, а на прашањето на пријателите за која телевизија е ова, Лила напишала „За на сите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top