| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Власта продолжува да ги штити убијците на Јанушев

Петнаесет дена убиецот, кој ладнокрвно го ликвидира младиот Мартин Јанушев, е на слобода. Никој не знае ни каде се наоѓа ни кој му помогнал да избега. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисоките врвови на власта. Така е затоа што криминалците се ослободуваа и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не смеат да ги гонат, обвини опозицијата.

Од партијата преку соопштение реагираат дека министерот Оливер Спасовски две недели по убиството, првпат се појави во јавноста со име за наводен сторител на убиството против кого МВР посочи дека постојат несоборливи докази.

-Оливер Спасовски нема несоборливи докази, туку си ја има само мувата на капата затоа што убиецот и сите негови помагачи се шетаат слободно и ја поминаа границата благодарение на помошта што им беше дадена, а целата јавност во рок од половина час знаеше кој е сторител, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат – кој е вистинскиот убиец? Кој му овозможи да избега и како ја напушти државата.

-Целата јавност говореше дека МВР купува време за да смисли конструкција и да ги покрива криминалците што соработуваа со нив. Затоа никој не е приведен. Затоа нема одговорност ниту од оние што ослободувале затвореници доколку затвореник навистина бил инволвиран во егзекуцијата на каков било начин. Уште колку млади момчиња треба да бидат убиени и уште колку убијци треба да се шетаат на слобода за Оливер Спасовски да си даде оставка?, стои во соопштението на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top