| четврток, 6 декември 2018 |

Ивана Кнез: Lovecats брендот е моја прва љубов

Ивана Кнез македонски моден дизајнер на овогодинешниот Моден Викенд во Скопје ја презентираше својата колекција за иднината и човештвото насловена како #Concept2020.

Овојпат таа изработи Lovecats фустани, маици и ланчиња во сите бои и текстури. Самиот бренд е препознатлив, во форма со глава на мачка, колекции кои се направени од различни материјали кои задолжително треба секоја жена да ги има.

-Lovecats е моден бренд за модерни и реализирани девојки. Среќни сме кога ќе ги видиме нашите клиенти како ги носат креациите а со тоа ни даваат мотив за нови дизајни, вели Кнез.

Таа во своето студио сака да се дружи и да разговара за мода и за убавина.

– Сакам кога има љубов на едно место морам јавно да потенцирам дека Lovecats брендот е моја прва љубов која сакам да ја раскажам на моите потрошувачи и да ја почувствуваат позитивната енергија која е преточена во нив. Токму денеска ќе ги изненадам сите мои клиенти и ги поканувам сите љубители на модата во нашето Драма студио, вели Ивана Кнез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top