–За жал, за разлика од МАНУ, поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, Стефан Воденичаров, имал поголема свест за тоа што е битно за македонската нација. Тој, на пример, укажувал на тоа дека бугарите мора да го признаат континуитетот на Охридската архиепископија со современата македонска црква – МПЦ. Ова значи дека Воденичаров покажал повисоко ниво за сваќањето на националните интереси на една држава, во случајов Македонија, изјави професорката Јована Кепеска за телевизија Алфа.
Кај нас се работи за една група на филозофи кои го свртуваат вниманието кон една хуманистичка визија на природните права и сега се’ се сведува на една апсолутизација на правото на користењето на јазикот. Сигурно дека човекот треба да се развива и да твори на својот мајчин јазик, но тој истовремено живее во една сложена заедница, потенцира Кепеска.
Според неа, Република Македонија под итно треба да ја ратификува Рамковната конвенција за етникуми, кој е единствен европски закон од таков вид. Македонија има интерес и потреба да ја прифати таа конвенција и согласно со неа да дефинира некои работи во државата на вистински начин и да почне да ги решава проблемите со етникумите. Ова е потребно, вели таа, дотолку повеќе што во нашата држава постои несигурност околу уптребата на поимите “мултикултурно” и “мултинационално” општество.
-Не прифатливо е тоа што многумина велат дека сме мултинационално општество. Тоа значи повеќе политички права и во тој случај заедницата се доведува во прашање. Ние сме мултикултурно општество, децидна е Кепеска.
Според професорката Кепеска, овој закон за двојазичност ќе доведе до поделба на етникумите врз политичка основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.