| четврток, 6 декември 2018 |

Малата ѕвездичка Марија Спасовска со ангелски глас (видео)

Ја исполни песната „Јутро“ на Јелена Томашевиќ и ја воодушеви публиката, но и жирито, вака нашата ѕвездичка Марија Спасовска достојно ја преставува Македонија на музичкото шоу „Пинк Ѕвездички„. Иако има само 12 години, со сигурност можеме да кажеме дека и претстои убава и светла музичка кариера.

Нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга.

Марија неодамна ја доби наградата за трето место во Витебск, Белорусија на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top