Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што денеска ги зафатија реоните на градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара, кои се наоѓаат на околу 30 километри западно од Атина.
Според грчките власти, при поплавите се повредени најмалку 13 лица, кои се пренесени в болница, додека уште неколкумина се водат како исчезнати.
Најголемиот број од загинатите се повозрасни лица, чии тела биле пронајдени во нивните полавени домови.
Поплавите, предизвикани од бурата Евридика, која беше проследена со поројни дождови, нанесоа огромни штети, додека голем број локални жители остана заглавени во своите домови.
Поради поплавите затворени се повеќе училишта во тој дел на Грција, а во Мандра и Неа Перамос властите прогласија вонредна состојба.
Ситуацијата постојано ја следи и грчкиот премиер Алексис Ципорас, кој на Твитер изрази жалење за жртвите и на одговорните власти им нареди да преземат брза акција за ублажување на последиците од штетата предизвикана од поплавите.
Градоначалникот на Неа Перамос, Григорис Стамулис за телевизијата Антена изјави дека улиците се претворени во реки од кал, наглаувајќи дека „практично целиот град е поплавен“. Тој додаде дека многу луѓе оостанале залавени во нивните автомобили и домови.
Градоначалничката на Мандра, Јана Крикуки оцени дека поплавите претставуваат „катастрофа од библиски размери“.
– Се е изгубено- нагласи Крикуки за државната телевизија ЕРТ.
Заменик-префектот на реонот Јанис Василиу за радиото Ској изјави дека „огромни потоци од вода и кал“ течат низ улиците на Мандра, каде, според него, состојбата е исклучително тешка.
Грчките телевизии емитуваат снимки од луѓе кои од поплавите избегале на балконите и покривите од своите домови.
Противпожарните служби соопштија дека добиле над 300 повици за помош.
Грција вчера прогласи вонредна состојба и на островот Сими, кој беше зафатен од бура, која предизвика прекин на струјата и водата, поплави многу домови и одвлече голем број возила во морето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)