Бекот на Лацио, Душан Баста, во понеделникот вечер во една позната белградска кафеана ги собрал своите пријатели на забава по повод раѓањето на својот прв син. По ќерките Миа, Софија и Лара, Србинот конечно се израдувал на машко дете кое се вика Стефан и бил повод за незаборавна журка.
Како што пишуваат српските медиуми, не се штеделе пари за да се накитат пејачите со бакшиш, а гостите ги забавувале легендата Тозовац и турбо фолкерот Аца Лукас.
Информацијата за раѓањето на Стефан ја сподели и неговиот клуб кој му честиташе на Душан и неговата сопруга Драгица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.