| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас ја објави првата заедничка фотографија со новата девојка!

Фолк ѕвездата Аца Лукас (49) пред неколку месеци се раздели од сопругата Соња Вуксановиќ, а неговото срце неодамна го освои русокоса девојка од Бањалука, плејбој зајачицата Божана Вујиновиќ.

Разликата меѓу нив е 24 години, со оглед на тоа дека атрактивната Божана има 25 години, а се чини дека во врската се им оди по план, бидејќи фолкерот ја објави нивната прва заедничка фотографија.

Откако се фатени во ноќна забава во еден белградски ресторан, Лукас сега очигледно ја официјализира врската со Божана и тоа со фотографија објавена на Инстаграм. Уште поинтересен е коментарот на фолкерот.

-Прва слободна сабота!И прва…- напиша Лукас и ставил срце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top