Тимот на Лацио ќе мора да присуствува на дисциплинско сослушување пред Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) откако минатиот месец нивните фанови направија анти-семитски памфлети против навивачите на Рома со ликот на жртвата од холокаустот Ана Франк.
По победата над Каљари на 22 октомври, фановите на Лацио поставија стикери на „Олимпико“ на кои ја имаше Франк во дрес на Рома.
„Со јасната анти-семитска настроеност, навивачите покажаа дискриминаторско однесување“, се вели во соопштението на ФИГЦ, кои не потврдија кога ќе се случи сослушувањето на Лацио.
По овој инцидент, сите натпревари во Италија беа почнати со читање на цитат од дневникот на Ана Франк, а фудбалерите на Лацио го имаа ликот на Франк на нивните дресови. Претседателот на клубот, Клаудио Лотито изјави дека ќе организира годишна посета на поранешниот концентрационен логор Аушвиц за фановите на Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.