Грција ќе ја распредели 1,4 милијарди евра како социјална дивиденда за пензионерите и тие погодени од мерките за штедење на земјата, најави премиерот Алексис Ципрас.
Парите се достапни бидејќи земјата имала повисок економски раст од планираното.
Ципрас дојде на власт во 2015 година ветувајќи дека ќе стави крај на штедењето, но потоа беше приморан да го потпише новиот договор за спас на Грција со ЕУ, третиот за зејата, во замена за ново штедење за да се задржи Грција во еврозоната.
Неговата левичарска влада се надева дека по седум години криза, фискалните резултати на Грција ќе ѝ помогнат да излезе од кризата до август 2018.
– Втора година по ред сме во позиција да делиме социјална дивиденда за луѓето на кои што им е најпотребно. Оваа година се поподготвени и поефективни и ќе исплатиме повисока сума, изјави Ципрас.
Минатата година, Ципрас најави дека државата ќе исплати околу 600 милиони евра за пензионерите со низок доход, потег што беше критикуван од страна на странските доверители.
Оваа година делењето на социјалната дивиденда е одобрено од странските кредитори.
Ципрас најави дека 720 милиони евра ќе бидат дистрибуирани до средината на месец декември на 3,4 милиони Грци, базирано врз нивниот приход, богатство и фамилијаред статус.
Уште 315 милиони евра ќе бидат насочени кон пензионерите за да им се компензира за нивните „нефер“ исплати од 2012 до 2016, додека 360 милиони евра ќе бидат исплатени на грчката фирма за производство на електрична енергија за да се спречи покачување на цената на струјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!