| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична снимка: Гром погоди авион над Амстердам (видео)

Патувањето во лоши временски услови секогаш носи одреден ризик – особено кога сте во авион „боинг 777“ што влетува во наелектризиран облак.

На драматична снимка објавена на интернет се гледа како молња го удира носот на авион упатен од аеродромот во Амстердам кон главниот град Лима во Перу. Неверојатно, боингот 777-300ЕР продолжил непречено и навреме слетал на аеродромот во Лима 12 часа и 40 минути подоцна.

Молњите обично ги погодуваат издадените делови на авионите, како што се врвовите на крилата или носот. Ако нема дупки во трупот на авионот, струјата ќе помине низ алуминиумската површина на авионот и ќе „избега“ преку опашот. Сепак, пилотите понекогаш се жалат на проблеми со електриката и инструментите по удар на молња.

Новите авиони како дримлајнерите и боинг ербас 350-ките се направени од јаглеродна смеса покриена со тенок слој бакар, кој ја штити кабината од електрични струи. Резервоарите за гориво се исто така заштитени од молња, со метални капаци, отвори и пристапни врати, направени да издржат температури до 27.000 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top