| четврток, 6 декември 2018 |

Аѕурите преплашени стигнаа во Женева- авионот на фудбалерите го погоди молња

Авионот со кој се превезувале италијанската фудбалска репрезентација бил погоден од молња за време на слетувањето на аеродромот во Женева.

Италијанскиот тим патувал со чартер лет на АлИталија од Фиренца кон Женева, а ударот се случил во 18.30 часот.

Авионот не бил оштетен, по што слетал без проблеми. Но и покрај тоа што минале без никакви повреди, сите фудбалери биле видно потресени.

Италијанската репрезентација денеска од 20.30 часот во Женева игра пријателски натпревар со Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top