Првиот кинески патнички авион од домашно производство денеска полета од аеродромот во Шангај, што означува дека Кина влегува на пазарот за авиони каде доминираат „Боинг“ и „Ербас“.
Авионот Ц919 полета денеска од аеродромот Пудонг во Шангај, јавија кинеските медиуми.
Авионот со 158 до 174 патнички места, го произведе државната компанија „Комершал Еркрафт Корпорејшан оф Чајна“ (Комак).
Од 2019 година авионот ќе може да влезе во производство по завршувањето на комплетните тестови. „Комак“ сооопшти дека веќе примиле нарачки за 570 авиони од 23 домашни и странски фирми меѓу кои и „Чајна Ерлајнс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.