| четврток, 6 декември 2018 |

Додека Ана Брнабиќ држеше говор, снема струја

За време на обраќањето на српската премиерка Ана Брнабиќ на денешното отворање на форумот „Белгрејт Вентура“ на неколку секунди снема струја, што таа низ шега го прокоментита како „добар начин на политичарите да им се даде до знаење дека многу зборуваат“.

Струјата во салата во која што се одржуваше форумот беше во прекин само неколку секунди при што посетителите и гостите беа во целосен мрак, а кога светлото повторно се вклучи се слушнаа зборовите на премиерката: „и ова е големиот финиш“.

Тоа предизвика смеа кај гостите, а премиерката иако збунета веднаш се снајде.

– Извинете што оддолжив малку, но ова е вистински начин да ги прекинете луѓето кои до вчера не биле политичари, но се чини дека стануваат, рече на шега српската премиерка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top